Македонија

Меџити: Екстрадацијата на Блерим Рамадани не е прв таков случај кај нас

Меџити: Екстрадацијата на Блерим Рамадани не е прв таков случај кај нас

Денес првиот вицепремиер и министер за животна средина, Изет Меџити, изјави дека екстрадацијата на поранешниот член на ОВК, Блерим Рамадани, не е прв таков случај кај нас и оти Србија злоупотребува дека е член на Интерпол.

– ДУИ сака да направи дека ова е прв случај. За жал, имаше и порано вакви случаи кои на крај завршуваа на Врховниот суд, со одлука да се ослободат бидејќи нема факти и аргументи, рече министерот.

Според него, Србија злоупотребува дека е членка на Интерпол.

– Мислам дека и овој случај на ист начин ќе заврши. Треба генерално да го решиме ова прашање, а не случај по случај, рече Меџити пред посетата на занаетчиските дуќани во Старата Скопска Чаршија.

Ноќно студио

Најнова епизода

Продажба или стечај за Алта банка? Ноќно студио со Славко Лазовски 12.11.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни