Македонија

Меџити: Ќе се преземат сите неопходни мерки за санирање на еколошките штети во Трубарево

Меџити: Ќе се преземат сите неопходни мерки за санирање на еколошките штети во Трубарево

Првиот вицепремиер и министер за животна средина, Изет Меџити, денеска изјави дека ќе се преземат сите неопходни мерки за санирање на еколошките штети предизвикани од пожарот во Трубарево.

Тој нагласи дека веќе се ангажирани акредитирани и приватни лаборатории кои вршат анализи, а јавноста е редовно информирана за состојбата.

„Ќе направиме сè што е потребно за санирање на штетите. Ќе се анализираат почвата, водата и сите други параметри, врз основа на кои ќе се преземат соодветни мерки“, рече Меџити.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Андреј Петров, платформа 12:05 29.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни