Министерот и член на ВЛЕН, Изет Меџити, објави дека пратениците од коалицијата се против измените на Законот за бранители без да се донесе закон кој ќе ги регулира привилегиите на припадниците на поранешната УЧК.
„Милионерите од Фронтот – ДУИ, потомците на Комунистичката партија на Југославија – СДСМ, и претставниците на фашистичката левица – ЛЕВИЦА, ги здружија силите за да ги реализираат своите предупредувања за дестабилизација на државата и поттикнување етнички тензии. Со оваа цел, тие денеска го ставија предлогот за измена на Законот за бранители на дневен ред во Собранието“, изјави Меџити.
„Нашите пратеници се категорично против дополнувањето на Законот за бранители без паралелно усвојување на закон за привилегиите на припадниците на УЧК“, додаде тој.
Меџити постави јавно прашање: „Дали измената на Законот за бранители е обид за поттикнување меѓуетнички тензии и дефокусирање на вниманието на јавноста од криминалното богатење на челниците на ДУИ?“
„Ги потсетувам милионерите од ДУИ дека со гласовите на нивните министри, (поранешната) влада ја финансираше одбраната на Трачуловски во Хаг. Во текот на нивното владеење, неколку пати беше воведен закон за бранители, а уште полошо – истиот закон беше договорен во владините структури на ДУИ за да им се овозможат разни привилегии на бранителите, вклучувајќи и бесплатни студии на Универзитетот во Тетово, што е платено со крв од војниците на УЧК“, истакна Меџити.
На крајот, тој повтори со целосна одговорност: „Законот на Славјанка Петровска и Блерим Беџети нема да помине“, нагласи Меџити на социјалните мрежи, додека престојува во САД на 9-та годишна конференција за енергетска безбедност на Централна и Источна Европа.