Македонија

Медицински сестри од Онкологија со демант кон Мицкоски: Партиите да не се препукуваат преку клиниката

Медицински сестри од Онкологија со демант кон Мицкоски: Партиите да не се препукуваат преку клиниката

Ние, сите медицинските сестри на ЈЗУ Универзитетска клиника за радиотерапија и онкологија-Скопје, сакаме да ги демантираме изјавите дадени од страна на претседателот на политичката партија ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицковски, на ден 02.11.2023 година на прес-конференција од нивна страна.

[irp posts=”311936″ ]

Демантот се однесува на следното:

На изјава:

“Вториот фрапантен заклучок. На одделенијата за лежечки пациенти, во амбулантскиот дневник на медицинскиот персонал го запишува и остатокот на некои вијали, вијала е пакување , дека е издаден даден на соодветниот и друг пациент, со цел да се заштеди вишокот на лекови, но нема писмен траг, интерна книга, дали се фрла или кому се дадени за да се доискористени  лекот од вијалата, рече претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицковски…

На ова го даваме следниот демант:

Од административен аспект, односно водење евиденција, на сите одделнија и дневните болници, има и уредно, редовно и секојдневно евидентирање на сите работи во:

–          Амбулантско-хоспитален дневник.

–          Архива на требовања.

–          Компјутерска проверка во секој момент е достапна, и се однесува на салдо во моментот.

–          Опијатни тетратки.

–          Тетратка на потрошени цитостатици (картици).

Погоренаведените евиденции што ги водиме, се достапни за проверка на наделжни органи.  Со ова во целот ја демантираме таа изјава.

На изјавата:

“ Преку пример, треба да се аплицира лекот на пациент, вијалата е 100 единици, дозата која што треба да ја добие пациентот е 50 единици, тие 50 единици се аплицираат, но останатите 50 единици никој не знае, ниту имаат трага каде завршуваат и дали некаде воопшто завршуваат. И ова е така со  години правено, бидејќи нема никаква  контрола. На тој начин директно со милиони, стотици милиони се оштетеи македонски граѓани. Овој документ што го имам е извештај од специјалсит, односно супцпецијалист, каде што во наодот вели дека барањето на пациентот за терапија ќе се аплицира во друга медицинска установа на онколошко одделение,”- рече Христијан Мицковски.

На ова го даваме следниот демант:

Сите лекови кои се требуваат од Аптека и има остаток од истите, се употребуваат за следни пациенти. Остатокот не се фрла, со цел заштеда на истите. Остатокот е уредно евидентиран во амбулантски дневник во Одделот за цитостатска терапија-Дневна болница.

За тврдењето на Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицковски, за давање лекови во тобичка, можеме да кажеме дека терпијата за пациентите е сериозна работа и се даваат лекови на пациенти надвор од клиниката, односно станува збор за редовна терапија во вид на таблети и ампули, со цел да се аплицираат во матичен медицински центар или со домашна посета, со уредно напишан извештај од лекар. Напоменуваме и појаснуваме дека станува збор за симптоматска терапија, која не е терапија на условен буџет од ФЗОРСМ, туку редовна терапија која се аплицира преку домашна посета или матичен лекар. Со истото финансиски се заштедува на трошокот на пациентот и секојдневно доаѓање на клиниката.

Aпелираме до целата јавност, да престанат препукувањата на политичките партии преку клиниката, и да се остави клиниката да функционираа нормално и без било какви притисоци, со цел да се заштити здравјето на пациентите, кои секој ден доаѓаат на клиниката и се лекуваат, како и вработените во истата.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни