Медиумски ден – средношколците во посета на ТВ21

Средношколци во посета на ТВ21 за да се запознаат со подготовката на вестите, но и останатите емисии. Во текот на нивната посета се емитуваше пладневната емисија „Чекај Зелено“. Некои ученици беа дел од емисијата. Прошетката на учениците и запознавањето со ТВ21 почна од дескот, потоа просториите за монтажа, но и телевизиските студија. Средношколците добија можност, барем на кратко да бидат во улога на водители на вести.

Телевизиското новинарство им се виде интересно, но сепак велат дека најмногу се информираат од социјалните мрежи и интернет порталите.

„Со оглед на тоа дека ја претставувам младата генерација, телевизијата не е средство од кое многу се информирам. Се информирам од социјалните мрежи и порталите. Меѓутоа областа на новинарството што ги опфаќа порталите, не се толку доверливи, започнувајќи од lifestyle вестите и вестите од шоу бизнисот, па се до сериозните вести“, изјави Ера Мемети.

„Една од професиите која што многу ја почитувам, бидејќи секој ден се соочуваме со вести што тие ни ги даваат и мислам дека тоа претставува голема помош за нашиот живот. Има и вести кои не се вистинит, кои ги наоѓаме на интернет. Треба да се освестат сите дека не треба да веруваме на се што ќе прочитаме на интернет или на сите вести што ни ги презентираат новинарите“, рече Искра Зенделовска.

 Две други средношколки велат дека повеќе читаат вести за шоу бизнисот. 

„Ние младите сме повеќе фокусирани  на шоу бизнисот, за пејачите, и донекаде сме свесни кога нешто не е вистина, секако дека ние не веруваме“, вели Сејхан Ибрахими.

„Кога вестите не се засновани на факти, можам да кажам дека тоа е лажна вест или кога нема доволно информации, забележувам дека не е точно“, е ставот на Исра Зеќири.

ТВ21 се приклучи на иницијативата за одбележување на Медиумскиот ден во организација на Високата школа за новинарство. По трет пат, за три години, нашата телевизија беше домаќин на средношколци од неколку училишта од Македонија, поточно “Зеф Љуш Марку” -Скопје, “28 Ноември”-Дебар, “Орце Николов” – Скопје и “Добри Даскалов” – Кавадарци. Високата школа за новинарство по четврти пат организира Медиумски ден за средношколците од Македонија. Освен ТВ21, средношколците беа во посета на МРТВ, Макфакс, Нова Македонија, неколку радија и онлајн медиуми.

Репортер: Алмедина Исмајли

Извор: ТВ21

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
  • Ознаки
  • 1
spot_img

Најважното