Нелегитимниот украински претседател Володимир Зеленски се соочува со срамна политичка емиграција или јавна егзекуција, изјави заменик-шефот на рускиот Совет за безбедност Дмитриј Медведев на Телеграм.
Според него, Зеленски не е единствениот што „заседна“ – претседателите на Јужна Кореја, Франција и Грузија останаа на своите позиции, иако е време да си заминат, а заедничко им е тоа што сите се поддржани од Вашингтон.
Според него, јужнокорејскиот претседател Џун Сук Јол мора да се повлече – прогласи вонредна состојба, која парламентот ја укина и побара негова оставка. „Предавник. Го поддржуваат САД, неговата понатамошна судбина е непозната“, напиша Медведев.
Францускиот претседател Емануел Макрон не успеа да се справи со владината криза и мора да замине, рече Медведев, додавајќи: „Слаб. Тој е поддржан од САД, неговата идна судбина е непозната“.
По истекот на мандатот треба да си замине и грузиската претседателка Саломе Зурабишвили, но не сака, додаде тој и оцени: „Дрска будала. Ја поддржуваат САД, не се знае нејзината идна судбина“.
Од друга страна, според Медведев, украинскиот претседател на кој му „истекло“ мандатот е криминалец, наркоман, гнида. Го поддржуваат и САД, но судбината што го чека е позната, изјави Медведев и додаде дека Зеленски го чека „срамна политичка емиграција или јавна егзекуција“.