Македонија

Меѓу жртвите на скопската обиколница е и 20-годишниот син на баритонот Ристе Велков

Меѓу жртвите на скопската обиколница е и 20-годишниот син на баритонот Ристе Велков

Меѓу четирите загинати во тешката сообраќајна несреќа што синоќа се случи на скопската обиколница е и 20-годишниот син на првенецот на Националната опера и балет, баритонот Ристе Велков.

Трагичната вест ја потресе македонската културна јавност, а од Велков на социјалните мрежи веќе се простуваат неговите колеги, пријатели и соработници, изразувајќи длабоко жалење за ненадејната загуба.

Во несреќата, покрај Велков и неговиот син, животот го загуби и 20-годишниот Петар Миланов од Скопје, додека идентитетот на четвртата жртва засега не е официјално потврден.

По судирот, двете возила биле зафатени од пожар, а истрагата за причините за несреќата е во тек.

ФОТО: Алсат

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни