Мекдоналдс: Наскоро првиот вегански хамбургер

Мекдоналдс наскоро ќе го лансира својот прв вегански хамбургер во Велика Британија по три години истражување и развој.

Долгоочекуваниот McPlant содржи плескавица од зеленчук развиен во соработка со Beyond Meat. Компанијата им ветува на клиентите веганско сирење на база на грашок што „има вкус на познатите парчиња сирење Мекдоналдс“.

Ќе се служи во веганско пециво од сусам со вегански сос, зелена салата, кромид, домат, кисели краставички, кечап и сенф.

Новиот хамбургер, чини 3,49 фунти, a се нуди во десет ресторани на Мекдоналдс во Ковентри од 29 септември, пред да биде проширен на дополнителни 250 ресторани во Велика Британија.

McPlant ќе се подготвува одделно од другите производи на McDonald’s со помош на специјални садови за готвење. Плескавицата е сертифицирана од вегетаријанското друштво и содржи 429 калории.

Мишел Греам-Клер, главен маркетинг директор во Мекдоналдс во Обединетото Кралство и Ирска, рече дека е големо задоволство конечно да се лансира McPlant.