Македонија

Мендух Тачи по полноќ го фатила полицијата – оштетувал изборен материјал, МВР со детали

Денеска (30.09.2021) во 01.50 часот во СВР Тетово било пријавено дека е извршено оштетување на изборен рекламен материјал на политичка партија на неколку различни локации, од неколку лица кои се движеле со две патнички моторни возила со тетовски регистарски ознаки.

Возилата биле сопрени од полициски службеници на СВР Тетово и било утврдено дека возилото „ауди“ го управувал М.Т.(56) од Тетово, а возилото „голф “ го управувал Џ.К.(34) од Tетовско.

Во возилата биле уште две лица.

Во координација со Јавен обвинител се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни