Магазин

Мерцедес размислува за производство на оружје: „Светот стана уште понепредвидлив“

Мерцедес размислува за производство на оружје: „Светот стана уште понепредвидлив“

По Volkswagen, и Mercedes-Benz размислува за премин кон производство на оружје, пренесуваат германските медиуми.

„Светот стана уште понепредвидлив и затоа Европа мора да го прошири својот одбранбен профил. Ние сме подготвени доколку можеме да одиграме позитивна улога во тој процес“, изјави претседателот на управниот одбор на Mercedes-Benz, Ола Калениус, во разговор за The Wall Street Journal.

Калениус смета дека автомобилската индустрија е позната по производство на „прецизни и висококвалитетни машини“, што ја прави погодна и за производство на оружје. Воедно нагласи дека производството на автомобили ќе остане главна дејност на Mercedes, додека производството на оружје би било дополнителна активност.

„Тоа би можело да биде растечка производствена ниша која ќе придонесе за вкупните деловни резултати“, рече Калениус, додавајќи дека Mercedes веќе активно учествува во зајакнувањето на безбедноста и подготвеноста на НАТО.

Воена индустрија

„Многу варијанти на нашата G-класа се користат ширум светот како воени возила“, истакна Калениус.

Пред Mercedes, и Volkswagen најави влез во воената индустрија.

Според германските медиуми, фабриката за каросерии во Оснабрик би можела да ја преземе израелската компанија Rafael Advanced Defense Systems, која во северна Германија би произведувала делови за својот противракетен систем Iron Dome.

Претседателот на управниот одбор на Volkswagen, Оливер Блуме, исто така најави засилен ангажман во секторот на воени транспортери.

Германската автомобилска индустрија веќе неколку години се соочува со пад на побарувачката, најави за отпуштање на илјадници работници и затворање на фабрики.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни