Управа за хидрометеоролошки работи предупредува за нов метео аларм.
Од таму велат дека се очекува попладне локална нестабилност.

„Попладне наместа со повремен дожд, а локално ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, особено во западните делови.
Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од југоисточен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 17 до 22 степена“, велат од УХМР