Македонија

МЕТЕО АЛАРМ ЗА МАКЕДОНИЈА: Доаѓа невреме, можни се појави на свлечишта!

МЕТЕО АЛАРМ ЗА МАКЕДОНИЈА: Доаѓа невреме, можни се појави на свлечишта!

Следува период на променливо облачно и нестабилно време со повремени поројни врнежи од дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите се очекува да бидат во форма на невреме со услови за појава на град а на некои места локално да има и пообилни врнежи од дожд.

Доколку процесите бидат поинтензивни и доколку на одредени места локално за кратко време навранат поголеми количини на дожд можно е да дојде до забрзано зголемување на водостојот на малите реки и суводолиците. Исто така, доколку во градските урбани средини процесите бидат во форма на невреме придружувани со силен ветер и град, поради неможноста за впивање на водата како и поради можното запушување на канализационата мрежа со гранки и лисја можни се локални проблеми

Исто така, на одредени места локално е можна појава на одрони и свлечишта. Препорачуваме на внимателно движење покрај помалите реки и суводолиците и претпазливот на оние места каде во наредните денови (пред се во попладневните часови) се очекуваат поинтезивни врнежи од дожд.

Центарот за управување со кризи предупредува:”Од УХМР известуваат дека од денеска во попладневните часови, па се до крајот на неделата, следува период на променливо облачно и нестабилно време со повремени поројни врнежи од дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите се очекува да бидат во форма на невреме со услови за појава на град а на некои места локално да има и пообилни врнежи од дожд. Доколку процесите бидат поинтензивни и доколку на одредени места локално за кратко време навранат поголеми количини на дожд можно е да дојде до забрзано зголемување на водостојот на малите реки и суводолиците. Исто така, доколку во градските урбани средини процесите бидат во форма на невреме придружувани со силен ветер и град, поради неможноста за впивање на водата како и поради можното запушување на канализационата мрежа со гранки и лисја можни се локални проблеми. Исто така, на одредени места локално е можна појава на одрони и свлечишта. Препорачуваме на внимателно движење покрај помалите реки и суводолиците и претпазливот на оние места каде во наредните денови (пред се во попладневните часови) се очекуваат поинтезивни врнежи од дожд”, велат оттаму.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Андреј Петров, платформа 12:05 29.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни