Метео аларм за Македонија: Доаѓаат обилни врнежи, снег и пад на температурите

Под влијание на циклонска активност утре попладне и во вторник ќе има врнежи од дожд кои наместа ќе бидат обилни ( од 20 до 40 л/м2) со пороен карактер и појава на ретки грмежи. Локално процесите ќе бидат во форма на невреме проследени со силен ветер ( над 70 км/час).

Во вторник врнежите на планините ќе бидат од снег и ќе се формира нова снежна покривка, а во текот на денот врнежите од дожд ќе преминат во снег и во некои од повисоките места.  Дневната температура во вторник ќе биде во опаѓање.

Во среда времето ќе биде променливо облачно со локален дожд, а во четврток повторно ќе има врнежи од дожд кои наместа ќе бидат пообилни со пороен карактер.

Во Скопје утре попладне, во текот на ноќта и во вторник ќе има врнежи од дожд кои ќе бидат обилни (над 20 л/м2), проследени со засилен ветер.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
  • Ознаки
  • 1
spot_img

Најважното