Под влијание на влажен бран до понеделник претпладне времето ќе се задржи променливо облачно со повремени врнежи од дожд, кои наместа ќе бидат пообилни (над 35 l/m2 за целиот период).
Денес ќе дува засилен ветер од јужен и југозападен правец (наместа со брзина над 70км/час). Потоа, нови локални врнежи се очекуваат во среда попладне.
Денес претежно претпладне ќе има врнежи од дожд, кои локално ќе бидат поројни и проследени со грмежи. Ќе дува засилен ветер од југозападен правец (наместа со брзина над 70км/час).