Управата за хидрометеоролошки работи предупредува на врнежи од дожд, кои попладне и во текот на ноќта ќе бидат поинтензивни во западните и југоисточните делови на земјата, со количина над 15 литри на метар квадратен.
Според прогнозите, на планините врнежите ќе преминуваат во снег, што ќе предизвика натрупување на снежна покривка. Попладне долж Повардарието се очекува повремено засилен ветер од југоисточен правец, додека во останатите делови ќе дува слаб до умерен ветер.
Граѓаните се советуваат да внимаваат на можни локални поплавувања и отежнати услови за движење на патиштата, особено во планинските региони.
Дежурниот синоптичар Јулијана Фиданоска-Мишкоска апелира до граѓаните да ги следат официјалните информации и препораки за безбедно справување со најавените временски услови.