Македонија

Метеж на границите – се чека по еден час на Табановце, Дојран и Богородица!

Метеж на границите – се чека по еден час на Табановце, Дојран и Богородица!

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. Поради зголемена фреквенција на возила на ГП Табановце за влез и излез од државата времето на чекање е околу 30 минути до 1 час, на ГП Дојран за излез од државата околу 40 минути додека на ГП Богородица за излез од државата се чека околу 1 час.

На останатите гранични премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни