Екс директорот на УБК, Сашо Мијалков во четврток излегува од затвор.
Тој излегува од затвор под услов до 25 април 2025 година да не стори кривично дело.
Апелациониот суд Скопје во својата одлука вели дека решението е по жалба на Мијалков на одлуката на Основен Кривичен суд Скопје, а го донеле на нејавна седница одржана на 14 мај годинава.
„Апелациониот суд Скопје во интерес на јавноста и медиумите информира дека постапувајќи по кривичниот предмет КР-84/24, на нејавна седница на ден 14.05.2024 година, донесе решение со кое ја уважи жалбата на осудениот С.М. од С. и решението на Основниот кривичен суд Скопје го преиначи така што осудениот се отпушта на ден 23.05.2024 година од издржување на казната затвор, под услов до истекот на условниот отпуст -25.04.2025 година, да не стори ново кривично дело“, стои во соопштението од Апелација.