Кривичниот суд му го одби барањето на Сашо Мијалков да биде ослободен за слулчајот Тортура, кој преку адвокати се повика на мислењето на Врховниот суд во врска со случаите на СЈО.
Адвокатите на Мијалков уште на почетокот на рочиштето, побараа од судот да го отфрли обвинителниот акт за „Тортура“ и да ги ослободат од кривична одговорност обвинетите во овој предмет.
Судијката Александра Ристеска го одби предлогот и рочиштето, според неа мислењето на Врховен не е обврзувачко и ваквите забелешки одбраната требала да ги посочи кога се оценувало обвинението.