Микс од кисело, слатко и кремасто – еве како да направите освежителен чизкејк од лимон

Оваа варијанта на торта личи на чизкејк. Има кремаста структура, многу е миризлива, сочна и е одличен избор за лето кога сакате да се разладите.

За кората:

  • 300 гр. мелени бисквити
  • 75 гр. путер
  • малку шеќер во прав
  • чаша млеко

За кремот:

  • 100 гр. крем-сирење
  • 300 мл слатка павлака
  • 3 кесички ванилин шеќер
  • 1 кесичка желатин

За глазурата:

  • 200 гр. џем од лимон
  • 350 мл вода
  • 1 кесичка желатин

Подготовка:

Направете ја кората така што ќе го изматите маргаринот со миксер, а потоа ќе додадете бисквити, млеко и шеќер во прав.

Ставете ја таа смеса на дното од калап, а потоа почнете со матење на слатката павлака, па кога ќе почне да се стегнува, додајте ванилин шеќер за смесата да стане цврста, како шлаг.

Внимавајте да не матите премногу, бидејќи нема да има добар вкус.

Во изматената слатка павлака додајте крем-сирење, и со внимателни движења, најдобро со помош на лажица, изматете ја смесата за да се соединат состојките.

Пригответе го желатинот според упатството на кесичката, па додајте го во смесата и повторно измешајте малку.

Добиениот крем сипете го врз кората, а потоа ставете го во фрижидер за да се излади добро.