Македонија

Милков: Во РСМ има многу антибугарски манифестации – утре вонредна седница

Милков: Во РСМ има многу антибугарски манифестации – утре вонредна седница

Бугарскиот министер Николај Милков ги информирал колегите од земјите членки на ЕУ за влошувањето на состојбата во Република Северна Македонија во однос на граѓаните на земјата со бугарска самосвест, јавува БГНЕС.

Ова се случи за време на првиот состанок на Советот за надворешни работи на ЕУ годинава, што се одржа денеска во Брисел.

Милков го потенцира тешкиот инцидент со претепувањето на Кристијан Пендиков во Охрид.

Нашиот прв дипломат изрази жалење што овој сериозен инцидент е дел од многу слични со антибугарски фокус во последните месеци. Беше нагласена потребата Скопје активно и целосно да се заложи за заштита на правата на Бугарите во земјата, како и за исполнување на обврските преземени во рамките на процесот на европска интеграција на земјата.

Пендиков бил претепан на 19-ти вечерта во родниот Охрид. Тој има повеќе повреди. Тој денеска беше успешно опериран на Академијата за медицински науки. Бугарскиот амбасадор во Скопје Ангел Ангелов е повикан на консултации во Софија, што е јасен дипломатски сигнал дека властите во Бугарија не го прифаќаат ова што се случува во РСМ.

Бугарското собрание за утре свика вонредна седница на која меѓу другото ќе зборува техничкиот министер за надворешни работи Николај Милов за нападите врз Бугарите во Македонија.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни