Mинистер за вооружени сили на ОК: Бомбардирањето на болницата во Мариупол е воено злосторство
Министерот за вооружени сили на Велика Британија го нарече вчерашното бомбардирање на породилиште и детско одделение во Мариупол, југоисточна Украина, воено злосторство.
Зборувајќи за BBC Breakfast, Џејмс Хепи го опиша нападот како „крајно одвратен“.
Тој рече дека без разлика дали станува збор за цел или неселективен напад, и двете се воено злосторство.
Хепи додаде дека е одговорност на меѓународната заедница e „да се погрижи доказите да се соберат.
„Да се снимаат за кога ќе дојде време, а јас ви ветувам дека ќе дојде време, да има можност да се гонат овие луѓе во меѓународни рамки во кривичните судови“, вели Хепи.
Имате вест, приказна или проблем?
Пишете ни