Македонија

Министерката Сања Божиновска, денеска оствари работна средба со амбасадорот, Јарослав Лудва од Република Чешка

Министерката Сања Божиновска, денеска оствари работна средба со амбасадорот, Јарослав Лудва од Република Чешка

На средбата се разговараше за новоформираното министерство за неговите цели, активности и проекти.

Министерката Божиновска ја истакна огромната важност за реализирање на нови капитални инвестиции во полето на енергетиката и усогласување на постоечките закони со европската унија.

На средбата беше разговарано за афирмирање и унапредување на соработката со македонско – чешката стопанска комора.

На средбата се нагласи и поддршката во делот на размена на искуства и знаење во сферата на енергетиката, како и учество на работилници и бизнис форуми.

Двајцата се согласија за зајакнување на билатералните односи и интензивирање на соработката.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни