Министерката за култура ќе ја тужи градоначалничката Арсовска, еве зошто!

Министерката за култура, Бисера Костадиновска-Стојчевска денеска истакна дека ќе ја тужи за клевета градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска.

Таа вели дека обвинувањата дека знаела за пожарот, но не пријавила, се само измислена приказна.

„Нема да дозволам Универзална сала да биде дел од политичко препукување и дел од изборната агенда на Арсовска. Таа самата детално ќе објасни во тврдењата за мене. Изгледа добро и оди со судски тужби. Ако сака да биде обвинител и истражител, нека повели. За клеветите ќе се видиме на суд. Не само што покажа негрижа за градот и немање слух, туку покажа и дека единствениот начин со неа е само преку суд“, вели Костадиновска-Стојчевска.

Костадиновска Стојчевска не сакаше да ги коментира причините за пожарот бидејќи, како што вели, истрагата се уште трае и истражните органи се тие што ќе треба да кажат како се запали Универзалната сала.

Министерката додаде дека Универзалната сала е осигурана и ќе биде вратена на граѓаните.

„Универзална сала не е личен имот на Данела Арсовска. За објектот одлучуваше Советот на Град Скопје. Ако тие одлучат, тогаш тоа е процес на кој што не можеме да влијаеме“, вели министерката за култура.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
  • Ознаки
  • 1
spot_img

Најважното