Министерот се сретна со својот заменик во земјоделие, па испратија и соопштение до медиумите

Утрово во 9 часот и 42 минути до медиумите беше испратено соопштение од страна на Министерството за земјоделство шумарство и водостопанство, дека министерот остварил средба со заменик министерот. Во иста институција, под исти кров на речиси иста функција.

Во испратеното соопштение до медиумите пишува:

„Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски оствари работна средба со Флакрон Беџети, заменик министер за земјоделство, шумарство и водостопанство. Тема на денешната средба беа тековните работи во министерството. „Преку разговор и добра координација министерството функционира за доброто на земјоделците и граѓаните“, истакна Трипуновски“.

Прикачена е и фотографија од средбата.

Останува нејасно колку долго се договарала оваа средба, колку долго се задржале на состанокот и кога повторно ќе