Македонија

Министерот Тошковски утре ќе ги посети македонските и српските полицајци кои патролираат низ Охрид

Министерот Тошковски утре ќе ги посети македонските и српските полицајци кои патролираат низ Охрид

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, утре ќе ги посети полициските службеници од Министерството за внатрешни работи на Република Србија и на македонското МВР кои спроведуваат заеднички патроли на подрачјето на Охрид.

По средбата министерот Тошковски, заедно со соработниците од МВР и СВР Охрид, со полициските службеници од Србија и Македонија и полициското аташе на МВР на Република Србија, ќе остварат заедничка патролна активност по Кеј „Македонија“ до Градскиот плоштад „Св.Климент Охридски“ по што ќе одржат прес-конференција.

Во рамките на посетата Тошковски, ќе оствари работна средба со раководството на полициската станица за граничен надзор „Охридско езеро“ и СВР Охрид.

Утрешната активност на министерот Тошковски е во согласност со Протоколот за соработка за време на туристичката сезона на МВР на РСМ и на Република Србија што неодамна беше потпишан помеѓу министрите за внатрешни работи на двете земји. 

Ноќно студио

Најнова епизода

Продажба или стечај за Алта банка? Ноќно студио со Славко Лазовски 12.11.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни