Македонија

Министерот за здравство Венко Филипче, ќе се вакцинира против коронавирус

Вакцините се безбедни, уверува Министерот за здравство Венко Филипче, а кога вакцината ќе биде достапна и кај нас тој вели дека ќе се вакцинира против коронавирус.

„Aпсолутно да, ќе се вакцинирам. Да покажам и да докажам дека треба да се вакцинираат луѓето. Вакцините се сигурни ние го пратевме нивниот процес на развој и сите фази од клиничките студии. Тоа ќе биде тоа што ќе ја смени сликата во светот. Искрено верувам дека следната есен, следната Нова Година навистина нема да има потреба за мерки никаде во светот, дека нема да има рестиркции, дека вакцината значајно ќе го подигне имунитетот и животот постепено ќе се врати во нормала“, изјави министерот за здравство Венко Филипче, во гостување на Сител телевизија.

Министерот посочи дека нашата земја аплицираше преку Ковакс ситемот, и во тој систем аплицираат над 150 земји во светот, сите наши соседни земји освен земјите членки на ЕУ, кои имаа можност да направат директни договори со двата најголеми производители Фајзер и Астра Зенека.

Тој посочи дека станува збор за еден сосем безбеден и веќе установен систем кој што компаниите многу добро го знаат и имаат експертиза и искуство.

Имате вест, приказна или проблем? Пиши ни