Македонија

Министерството за одбрана ѝ доделува оклопни и специјални возила на Дирекцијата за заштита и спасување

Министерството за одбрана ѝ доделува оклопни и специјални возила на Дирекцијата за заштита и спасување

Владата на Република Северна Македонија донесе одлука со која Министерството за одбрана трајно ѝ доделува на Дирекцијата за заштита и спасување пет оклопни возила БТР и неколку специјални теренски возила Пинцгауер. Одлуката е објавена во најновиот број на Службен весник.

„Се одобрува трајно користење на пет (5) оклопни возила БТР и неколку специјални возила марка Пинцгауер, со наведени шасии, години на производство и мотори, од Министерството за одбрана на Дирекцијата за заштита и спасување.“

Сите возила се детално идентификувани во решението според шасија, година на производство, тип на мотор и основна намена. Со оваа прераспределба, Министерството за одбрана ги предава на користење возилата кои ќе се употребуваат во интервенции за заштита и спасување, особено во непристапни или ризични подрачја, со цел зголемување на капацитетите на Дирекцијата во справувањето со кризни ситуации и природни непогоди.

Имате вест, приказна или проблем? Пиши ни