Македонија

Министерството за здравство ќе набави современи системи за мерење гликоза во крвта

Министерството за здравство ќе набави современи системи за мерење гликоза во крвта

Владата, на предлог на Министерството за здравство, на денешната 147. седница ја разгледа и усвои и Информацијата за давање согласност, за преземање обврски за чие плаќање е потребно користење буџетски средства во наредните три години, на Министерството за здравство, за набавка на систем за следење (мониторирање) на гликоза.

Како што информираат од владината прес-служба, станува збор за систем за следење (мониторирање) на гликоза, базиран на сензори, наменет за пациенти со тип 1 дијабетес, за период април 2023 до април 2025 година.

-Обезбедувањето на ваков систем за следење (мониторирање) на гликоза (CGMs), за најмладите лица со дијабетес во државава, ќе помогне за едноставно и 24-часовно, безболно, мерење на гликемијата, што според наведеното во Информацијата на Министерството за здравство, придонесува за значително подобра гликемиска контрола и намалување на ризиците од долгорочни компликации. Исто така, во обезбедувањето на овој систем (CGMs), е предвидено да бидат и опфатени и бремените жени, слепи лица и лица со коморбидитети во понапредната фаза, се посочува во владиното соопштение.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни