Министрите за надворешни работи на седумте најразвиени земји во светот (Г7) – САД, Велика Британија, Канада, Франција, Германија, Италија и Јапонија – денес повикаа на итен прекин на нападите врз цивилите и инфраструктурата во војната во Иран.
Во заедничка изјава, објавена на вториот ден од состанокот во Франција, министрите за надворешни работи на Г7 изјавија дека ја нагласиле важноста од намалување на влијанието на војната врз регионалните партнери, цивилите и критичната инфраструктура.
Министрите изјавија дека е неопходно да се воспостави безбеден поморски сообраќај во Ормутскиот теснец, пренесува Ројтерс.