Македонија

Минусни температури и снег утрово низ Македонија

Минусни температури и снег утрово низ Македонија

Од УХМР предупредуваат дека денеска низ земјава ќе дува силен ветер, некаде и до 60 километри на час.

Утрово најстудено беше на Попова Шапка, каде што беа измерени -8 степени. Во Крушево и Маврово беа измерени -4, а -1 во Берово. Најтопло беше во Гевгелија каде беа измрени 6 стпеени.

Најмногу дожд во изминатото деноноќие наврна во Охрид и Маврово, 9 литри на метар квадратен. Во Крушево има шест сантиметри снег.

Претпладне претежно во западните и југозападните делови ќе има  повремени врнежи од снег. Попладне облачноста ќе се намали и врнежите насекаде ќе престанат. Максималната температура ќе биде во интервал од 2 до 10 степени.

Во Скопје, променливо облачно со умерен до засилен северен ветер. Претпладне во делови од котлината ќе има услови за провејување на слаб снег.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Горан Минчев, министер за јавна администрација 24.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни