Македонија

Минусни утрински температури низ цела земја: Берово повторно најладно!

Минусни утрински температури низ цела земја: Берово повторно најладно!

Утрово најстудено беше во Берово, каде беа измерени-8 степени. Во Скопје-6 степени, исто како и во Битола и Демир Капија.

Најтопло беше на Попова Шапка, каде беа измерени еден степен.

МИНИМАЛНИ ТЕМПЕРАТУРИ (во°C)

-8 Берово, -6 Скопје-Петровец, Битола, Демир Капија, Струмица, Куманово, -5 Тетово, Прилеп, Велес, Штип, -4 Скопје-Зајчев Рид, Кавадарци, -3 Крива Паланка, -2 Охрид, Претор, Виница, Гевгелија, Маврови Анови, 0 Крушево, 1 Попова Шапка.

Времето денеска ќе биде сончево со мала локална облачност и со слаб променлив ветер. Максималната температура ќе достигне од 8 до 14 степени.

Во Скопје сончево и тивко со мала облачност. Максималната температура ќе достигне до 10 степени.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни