Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на друштвената мрежа се огласи по повод 18-ти август роденденот на македонската армија. Но тој го поврза денот и со денешните случувања во македонското Собрание.
„18 август, честит ден на Армијата на Македонија и ден кога ќе стане јасно дека власта не е посилна од народот. Не за Уставни измени под бугарски диктат!“, напиша Мицкоски.
Инаку за денеска од 11 часот е закажана седница на која треба да започне расправата дали треба да бидат бугарите заедно со уште 5 други народи дел од македонскиот устав. Според последните информации, во моментов Власта го нема потребниот број на гласови за уставни промени.