Македонија

Мицкоски: Хрватска останува гласен поддржувач на Македонија на европскиот пат

Мицкоски: Хрватска останува гласен поддржувач на Македонија на европскиот пат

На својот фејсбук профил премиерот Христијан Мицкоски објави дека имал телефонски разговор со премиерот на Република Хрватска.

„Имав телефонски разговор со премиерот на Република Хрватска, Андреј Пленковиќ. Во пресрет на извештајот на Европскиот парламент, продолжувам да ги користам сите контакти за да ја раскажам македонската вистина – за нашиот напредок, за вредностите што ги браниме и за иднината што ја заслужуваме.

Хрватска е докажан пријател на нашата држава, а нејзината гласна поддршка во клучни моменти претставува голем поттик и охрабрување за сите нас.

Македонија заслужува членство во Европската унија, но со крената глава“, вели Мицкоски.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни