Македонија

Мицкоски: Ќе се примаат 300 професионални војници, сите млади луѓе коишто сакаат да се вклучат во одбранбено-безбедносниот систем да се пријават

Мицкоски: Ќе се примаат 300 професионални војници, сите млади луѓе коишто сакаат да се вклучат во одбранбено-безбедносниот систем да се пријават

Премиерот Христијан Мицкоски денес одговарајќи на новинарско прашање во однос на тоа дали се планирани нови вработувања на професионални војници во АРМ, изјави:

„Апсолутно да. Планирано е објавување на оглас за прием на 300 професионални војници и ја користам еве оваа прилика, благодарам на прашањето, да ги повикам сите оние млади луѓе коишто сакаат да се вклучат во одбранбено-безбедносниот систем на државата, да се вклучат и се добредојдени. Ги повикувам сите граѓани, сите граѓани без разлика на етничката припадност, сите коишто сакаат да бидат вклучени во безбедносниот систем. И тука нема проценти, секој оној којшто ќе ги исполни условите, ќе биде примен. Сите буквално, сите оние коишто сакаат да учествуваат во одбраната на нивната татковина“, вели Мицкоски.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни