Македонија

Мицкоски: Мнозинство во Советот на Град Скопје значи реализација на проектите – очекуваме шест скопски градоначалници плус Арсовска

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски вели дека мнозинството во Град Скопје значи дека ќе бидат реализирани проектите кои се планирање. Тој во интервју за Сител рече дека окрумпнувањето на опозицијата ќе продолжи и натаму.

-Ние веќе имаме мнозинство во Советот на Град Скопје, шестмина градоначалници од редовите на ВМРО-ДПМНЕ се избрани, тука е и професорката Котлар која е во вториот круг во општина Центар, го подржуваме Стевче Јакимовски во Карпош, така што очекуваме во Скопје бројката од коалицијата за „Обнова на Македонија“  да се затвори со седум градоначалници, плус независниот кандидат Данела Арсовска,  рече Мицкоски.

Во однос на водењето на кампањата во вториот дел од локалните избори, Мицкоски рече дека партијата ќе продолжи со позитивна кампања за да се рефлектираат позициите за иднината и проектите кои се планира да се реализираат.

-Ценат дека тоа наидува на одобрување на граѓаните, а граѓаните во недела масовно ќе излезат и ќе ја дадат својата поддршка за Данела Арсовска, и ја користам оваа прилика да ги повикам сите граѓани масовно да излезат во недела, свесен сум за сите предизвици со кои се соочуваат граѓаните особено онаму каде има втор круг, многу закани, уцени, обиди за поткуп, криминал, а сето тоа се победува со мобилизација и масовна излезност, а тоа во недела ќе се случи, појасни Мицкоски.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни