Македонија

Мицкоски му честиташе на Борисов: Очекувам македонско-бугарските односи да продолжат да се развиваат

Мицкоски му честиташе на Борисов: Очекувам македонско-бугарските односи да продолжат да се развиваат

Премиерот Христијан Мицкоски денеска истакна дека остварил искрен и пријателски телефонски разговор со колегата Бојко Борисов.

Тој му ја честитал и победата на сестринската партија ГЕРБ на парламентарните избори во Бугарија.

„Во текот на разговорот изразив уверување дека ќе се формира стабилна Влада на десниот центар во Бугарија, која ќе даде придонес во отстранувањето на пречките што го успоруваат македонскиот пат кон Европската Унија. Верувам дека само со заеднички напори и дијалог можеме да градиме подобра иднина за сите граѓани на нашите две земји. Очекувам дека македонско-бугарските односи ќе продолжат да се развиваат во позитивен и продуктивен правец, водени од почит и разбирање, за доброто на сите нас“, вели Мицкоски.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни