Македонија

Мицкоски: На СДС, ДУИ и Алијанса им посакувам долги години во опозиција за да може да се реформираат и да излезат од прегратките на криминалците

Мицкоски: На СДС, ДУИ и Алијанса им посакувам долги години во опозиција за да може да се реформираат и да излезат од прегратките на криминалците

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска пред почетокот на лидерската средба во македонското Собрание, имаше изјава за медиумите при што одговараше и на новинарски прашања.

Мицкоски, меѓу другото, беше прашан дали ако Социјалдемократскиот сојуз се договори со Демократска Унија за Интеграција и Алијанса за Албанците се договори да одат заедно на парламентарните избори, може да се очекува ВМРО-ДПМНЕ да оди заедно со албанските опозициски партии.

Мицкоски истакна дека на нив им посакува долги години во опозиција за да можат да се реформираат и да излезат од прегратките на криминалците во кои се наоѓаат изминатите години кои се на власт.

„Тоа е нивна одлука. Јас им посакувам среќа, им посакувам долги години во опозиција за да може да се реформираат и реструктуираат и да излезат од криминалната матрица и прегратките на криминалците во кои што се наоѓаат изминативе шест години“, рече Мицкоски.

Ноќно студио

Најнова епизода

Продажба или стечај за Алта банка? Ноќно студио со Славко Лазовски 12.11.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни