Македонија

Мицкоски на средба со Калас: Македонија заслужува да оди напред во интеграциите

Мицкоски на средба со Калас: Македонија заслужува да оди напред во интеграциите

Премиерот Христијан Мицкоски, во Брисел денеска имаше средба со еврокомесарката за надворешни работи Каја Калас.

Мицкоски на својот „Фејсбук“ напиша дека на еврокомесарката и ги соопштил нашите позиции и цели.

„На средбата разговаравме од потребата ЕУ да го забрза процесот за интеграции и да направи заложба низ добра волја и заедничко разбирање да се одблокира нашиот пат кон ЕУ. Ги објаснив нашите позиции и нашите цели. Македонија заслужува да оди напред во интеграциите“, стои во објавата на Мицкоски.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни