Македонија

Мицкоски на средба со Кралот на Обединетото Кралство, Чарлс III

Мицкоски на средба со Кралот на Обединетото Кралство, Чарлс III

Премиерот Христијан Мицкоски на неговиот фејсбук профил објави дека во Лондон остварил средба со НВ Кралот на Обединетото Кралство, Чарлс III.

– Средбата се одржа во пријателска и конструктивна атмосфера, при што дискутиравме за повеќе важни прашања, вклучувајќи ги билатералните односи меѓу двете земји и можностите за натамошна соработка во различни области, напиша Мицкоски.

Оваа средба, како што објави премиерот Мицкоски,  претставува значајно признание за Македонија и е потврда за зајакнатата соработка и пријателство со Обединетото Кралство.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни