Македонија

Мицкоски на средба со Крис Павловски: Разговори за перспективите и иднината на Македонија

Мицкоски на средба со Крис Павловски: Разговори за перспективите и иднината на Македонија

Премиерот Христијан Мицкоски имал пријателска вечера со основачот и извршен директор на платформата Rumble, Крис Павловски, кој овие денови престојува во својата родна Преспа.

Во објавата на социјалните мрежи, Мицкоски истакна дека со Павловски разговарале за перспективите и иднината на Македонија, како и за начините за искористување на сите можности кои би донеле развој и просперитет за македонските граѓани.

Компанијата „Рамбл клауд“, неодамна отвори подружница во Македонија. Според информациите објавени од „Призма“, фирмата е регистрирана на адреса во центарот на Скопје, а управители се самиот Павловски и неговиот деловен партнер Брандон Александрофф.

Поврзана објаваМакедонија добива нова ИТ компанија: „Рамбл клауд“ на Крис Павловски отвори подружница!

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Горан Минчев, министер за јавна администрација 24.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни