Македонија

Мицкоски на средба со Ветингтон, член на бордот на директори на Меѓународниот Републикански Институт

Мицкоски на средба со Ветингтон, член на бордот на директори на Меѓународниот Републикански Институт

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска заедно со потпретседателот Тимчо Муцунски и секретарот за меѓународна соработка на партијата Стефан Андоновски оствари средба со Олин Ветингтон, член на бордот на директори на Меѓународниот Републикански Институт (ИРИ).

Мицкоски истакна огромна благодарност за одличната соработка и поддршката која ИРИ ја дава на ВМРО-ДПМНЕ нагласувајќи дека ИРИ е важен фактор бидејќи изминатиот период придонел за јакнење на политичките капацитети на ВМРО-ДПМНЕ, преку најразлични платформи во делот на младинското учество, јакнење на транспарентноста и поддршката на градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ.

На средбата соговорниците разговараа и за актуелната политичка и економска состојба во државата, каде што од страна на претседателот Мицкоски беше потенцирано дека граѓаните се наоѓаат во исклучително тешка ситуација, а државата се соочува со се поголем степен на корупција директно од високи владини функционери, посочувајќи дека високиот степен на корупција и криминал на владата на СДСМ е потврден и во меѓународните извештаи.

Претседателот Мицкоски нагласи дека решение за излез од кризата, подобрување на квалитетот на живот на граѓаните, како и враќање на државата во правилна насока се потребни брзи предвремени парламентарни избори.

Воедно, соговорниците се согласија на понатамошна соработка и продлабочување на односите.

Имате вест, приказна или проблем? Пиши ни