Двајцата лидери Христијан Мицкоски и Зоран Заев вчера имаа гостување во исто време на две национални телевизии ТВ21 и Алсат.
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски вчера привлекол поголемо внимание кај публиката со гостувањето на ТВ21, отколку лидерот на СДСМ Зоран Заев со гостувањето на телевизија Алсат.
Според пикот во текот на емисијата, но и вкупната гледаност на друштвените мрежи, Мицкоски е многу далку од бројките на Заев.

Двете телевизии на своите официјални Фејсбук страници, емисиите ги пренесуваа во живо.
Интервјуто на Зоран Заев на Алсат-М го гледале 1.700 граѓани, а гостувањето на Мицкоски на ТВ21 го следеле 26.000 лица.


Со почетокот на новата телевизиска сезона, ТВ21 уште еднаш изненади со просторните и технички услови, а особено со телевизиското студио од кое сите се воодушевуваат.