Мицкоски: Над 27 илјади денеска потписи за Давкова

„Денес над 27 илјади граѓани, својот потпис го ставија позади кандидатот за Претседател на Република Македонија Гордана Силјановска Давкова“, напиша претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

Тој додава дека условот од 10 илјади потписи е надминат.

„Ова е сериозен патоказ дека народот бара промени и дека доаѓа крај на понижувањата, одземеното достоинство и време кога Македонија ќе стане горда држава каде има надеж и иднина!“, додава Мицкоски.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
spot_img

Најважното