Мицкоски најавува сигурна победа на претседателските избори

Лидерот на опозицијата Христијан Мицкоски се надева на победа на претседателските избори. Тој изјави дека имаат постојана комуникација и неофицијални средби и со албанските политички партии на сите нивоа, па и на претседателско ниво. Грешка е што во минатото вели тој што се злоупотребувале етничките заедници.

„ВМРО-ДПМНЕ е партија која транспарентно се обраќа кон граѓаните и кон сите оние заинетерсирани граѓани кои ќе сакаат да аплицираат на конкурсот, се разбира ги исполнуваат условите кои се со закон пропишани. Да почекаме конкурсот трае до 31- ви јануари“, вели Христијан Мицкоски – лидер на ВМРО-ДПМНЕ.

Се вчитува...

„ВМРО-ДПМНЕ е убедена и сигурна во победата на следните претседателски избори“, додава Мицкоски.

Извор: ТВ21