Македонија

Мицкоски: Не дај Боже повторно да ни се повторат владите на Заев и Ковачевски

Мицкоски: Не дај Боже повторно да ни се повторат владите на Заев и Ковачевски

Премиерот Христијан Мицкоски остро ги критикуваше политиките на претходните влади предводени од Зоран Заев и Димитар Ковачевски, оценувајќи дека последиците од нивното справување со кризите и денес ги чувствуваат граѓаните.

Одговарајќи на новинарско прашање за изјавите на Венко Филипче за работењето на владите на Заев и Ковачевски, Мицкоски рече дека, според него, мнозинството граѓани не сакаат повторно да се дозволи таков начин на владеење.

„Не дај Боже некогаш повеќе на Македонија да ѝ се повторат такви влади. Не дај Боже! И мислам дека тоа го мислат мнозинството граѓани. Начинот на којшто тие се справуваат, денеска ги плаќаме сметките, додека тие уживаат во мелосот на ѕвезди музички од околината во скапи егзотични дестинации, се возат на скапи јахти. Ние ги плаќаме, односно вие, граѓаните ги плаќате сметките од тоа време како тие се справуваа со кризата“, изјави Мицкоски.

Премиерот, одговарајќи на новинарски прашања по посетата на компанијата „TESSA Energy“, оцени дека наместо соочување со одговорноста, од поранешната власт продолжуваат да ги бранат политиките од периодот кога Заев и Ковачевски беа на чело на Владата.

„Жалам што СДСМ повторно ја испушта можноста да се извини за сите оние погрешни, криминални, бандитски, анационални политики од тие две влади за коишто СДСМ денеска излегува во јавноста и ги брани, односно владата на господинот Заев и господинот Ковачевски. Наместо да се извини и да се повлече од сето тоа што го имаат направено, тие уште го промовираат тоа“, рече Мицкоски.

Тој изрази и зачуденост, како што наведе, поранешните носители на власта можат повторно да им се обратат на граѓаните по, според него, последиците од нивното седумгодишно владеење.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни