Мицкоски: Не гледам причина за интерпелација на Гаши

Премиерот Христијан Мицкоски рече дека ВМРО-ДПМНЕ нема да поддржи интерпелација на Гаши, за кого седницата е закажана на 3. септември по иницијатива на пратениците од Левица.

„Го знаете ставот, дека не гледаме причина за интерпелација за спикерот Гаши. Начинот на кој се однесува како спикер, и како ги води седниците, претставува сериозно однесување за разлика од неговиот претходник. Коалицијата СДСМ-ДУИ-Левица, имаат свои мотиви зошто поднесуваат ваков тип на интерпелација“, изјави Мицкоски.