Македонија

Мицкоски: Не сум трговец, не го работам ова за пари и нема да го предадам Гоце Делчев

Мицкоски: Не сум трговец, не го работам ова за пари и  нема да го предадам Гоце Делчев

По новинарско прашање околу тоа дали чувствува одговорност поради постапките кои ги направиле за тоа што се ниски платите во Македонија (со оглед на тоа дека се задолжиле со Скопје 2014) и кога можеле да решат проблемот со соседите со цел да влеземе порано во НАТО и ЕУ, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски истакна дека ако го прашуваат него, како премиер, не би ги сменил Уставот и идентитетот на народот со цел да влезе во ЕУ и НАТО.

„Ако ме прашувате мене, кога јас би бил премиер и кога би требало да одлучувам дали да го променам Уставот и да го сменам идентитетот за да влезам таму каде вие велите дека треба да влеземе, во НАТО и ЕУ, ќе ви дадам одговор – не, немаше тоа да го направам затоа што јас сум доброволец во Армијата затоа што сум јас човек кој што образува луѓе и кој што си ја сака сопствената држава и сопствениот народ. Не сум трговец и не го работам ова за пари, и не го работам ова за нешто повеќе. Го работам затоа што си ја сакам сопствената земја. Уште еднаш одговорот – не немаше тоа да го направам. Предавство, што некој друг го направи. Нема да го предадам Гоце Делчев“, вели Мицкоски.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни