Премиерот Христијан Мицкоски смета дека е потребна интервенција во пресметката на минималната потрошувачка кошничка, со вклучување на сите засегнати страни и користење објективни параметри.
Тој предложи цените да не се базираат на оние од луксузни супермаркети, туку да се користат поскромни опции.
Мицкоски изрази сомнеж за некои производи вклучени во сегашната кошничка, како цигари и сезонски овошја кои не се достапни во јануари.
„Јас ја добив таа методологија и ја читав и забележав таму работи кои навистина мене ми делуаа многу чудни. Еве јас во јануари дел од овие прооизводи не ги пробав, како што се диња, лубеница, грозје, црешни, кајсии, праски, не испив 250 грама лименка нес кафе, не пушам цигари, а таму се и цигари бидејќи малку е нелогично да имате цигари во минимална кошничка“, рече Мицкоски.
Тој ја критикуваше методологијата за пресметка, нагласувајќи дека треба да се формира нова со учество на сите страни и на реални параметри, за да се создаде политика која ќе биде соодветна на потребите на граѓаните.