Македонија

Мицкоски: Нови 630 вработувања и струја за 100 илјади домаќинства од ветерници

Мицкоски: Нови 630 вработувања и струја за 100 илјади домаќинства од ветерници
Од македонскиот ветер, инвестиција во енергетиката за повеќе пари во македонскиот буџет. Ветив работа за народот и тоа го остваруваме, напиша премиерот Христијан Мицкоски на својот фејсбук профил. „Денес објава на инвестиција од Алказар енерџи, од околу 450 милиони евра за целосна енергетска независност на Македонија. –струја за 100 000 македонски домаќинства од овие ветерници. –55 ветерници што ќе произведуваат еден терават час електрична енергија или еден милион мегават часови. -приближно 20 отсто од целокупното производство на електрична енергија во земјава. –нови 630 вработувања. –најголемата инвестиција во сегментот на парк со ветерници. Инвестиции за подобар животен стандард“, стои во објавата на Мицкоски.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Борче Треновски, универзитетски професор 15.10.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни