Македонија

Мицкоски: Очекувам новата Влада да биде избрана пред крајниот рок

Мицкоски: Очекувам новата Влада да биде избрана пред крајниот рок

Денес претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, во претседателската Вила Водно го доби мандатот за состав на новата Влада и им се заблагодари на граѓаните што дадоа легитимитет на изборниот процес.

– Очекувам новата Влада да биде избрана пред крајниот рок. Теоретски ние можеме уште утре да ја изгласаме владата. Но во согласност со плановите за рекомпонирање на владата кои ги прифатија нашите коалициски партнери, потребно ни е 2/3 мнозинство. Покрај за ова 80 пратеници ни се потребни и за клучната работа, битката со криминалот и корупцијата, а тоа ќе го направиме со распуштањето на Судскиот совет и на Советот на јавни обвинители. Ве уверувам дека имаме повеќе од 80 пратеници, рече Мицкоски по доделувањето на мандатот за нова Влада.

Прашан за тоа кои ќе бидат министри во новата влада, Мицкоски рече дека не може да ги открие имињата оти од денес почнуваат внатрепартиските консултации за предлозите за членовите на владата.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни